Понеделник, 16 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Триглав Осигурување – доверлив партнер за посигурна иднина

Најголемата осигурителна компанија во Македонија, Триглав Осигурување АД, Скопје своите почетоци ги влече дури од 1968 година кога е основана како единица на Заводот за осигурување на имот и лица на Југославија – ЗОИЛ Југославија.

По неколку трансформации и ребрендирања низ текот на годините, во 2011 година го добива сегашниот назив и како таква е присутна на пазарот.

Триглав Осигурување е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација која посветено работи на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите внатре во компанијата, како и со клиентите и деловните партнери. Уште еден показател за стабилноста и квалитетното работење на компанијата е тоа што е лидер во исплата на штети на пазарот на неживотно осигурување во Македонија.

Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ осигурителните компании се присутни веќе 12 години и во текот на сите тие години несомнено Триглав Осигурување го завзема лидерското место како најголема осигурителна компанија со највисока полисирана бруто премија во однос на своите конкуренти на пазарот. 2021 година Триглав Осигурување ја заврши со раст на бруто полисираната премија од  8.2% и раст на добивката од дури 81.6%, додека резултатите од 2022 година се 13.9% раст на премијата и 42% раст на добивката пред оданочување. Ваквите резултати во работењето ја рангираат компанијата и на високото 7мо место на листата на најуспешни осигурителни компании во Македонија за 2022 година. 


Стентон Градба - Ги гради клучните проекти, важни за иднината на земјата

Еден од клучните проекти во кои Стентон Градба зеде учество е изградбата на експресниот пат низ Фаришката Клисура. Проект создаден да трае и значително да го забрза патувањето од Скопје до Прилеп.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт