Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?

Алкалоид АД Скопје со години наназад важи за еден од најпосакуваните работодавачи во земјава, препознатлив по стабилноста, професионалните стандарди и грижата за своите вработени.

Компанијата континуирано инвестира во развој на човечкиот капитал преку обуки, можности за напредување и поддршка на младите таленти.

Потврда за ова е и признанието Најпосакуван работодавач, кое компанијата го добива повеќепати по ред според анкетите на платформата vrabotuvanje.com.

Ваквите резултати се одраз на корпоративна култура изградена врз етичко работење, тимска соработка и долгорочна грижа за благосостојбата на вработените.

Со над 3.000 вработени во земјата и странство, „Алкалоид“ создава работна средина што поттикнува иновации, професионален раст и чувство на припадност – вредности што ја позиционираат компанијата како прв избор за многу млади професионалци во Македонија.

Преку поддршка на студентите до вработување на најквалитетните кадри

Алкалоид АД е е компанија која води грижа за својот човечки капитал и вложува во идните генерации фармацевтски и медицински кадри, кои својата кариера би ја продолжиле токму таму.

Преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ повеќе од 12 години се доделуваат стипендии на најдобрите студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

До 2024 година, од оваа Фондација стипендии добиле 500 студенти.

„Досега се доделени 254 стипендии на студенти од Медицинскиот факултет, а останатите се 196 од Фармацевтsкиот факултет. Од нашите стипендисти досега 374 дипломирале, а годинава имаме пет првенци на генерација, од кои четворица од Медицинскиот факултет и еден од Фармацевтскиот факултет, кои завршиле со просек десет. Од стипендистите, досега 79 работат во Алкалоид, а од оваа година уште двајца ќе ја почнат кариерата овде, меѓу кои и еден од годинашните дипломирани првенци“, изјави во 2024 година, претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов.

Семејно ориентирана компанија која покажува одлична грижа за вработените

Алкалоид АД со години наназад потврдува дека е семејно организирана компанија, која води сметка за добросостојбата на своите вработени.

Секоја година, компанијата организира семеен пикник за вработените, во рамки на кој, освен што се организираат забавни настани за нив и за нивните семејства, редовно се собираат средства коишто се донираат на СОС Детското село.

Бенефиции за децата на вработените

Во 2021 година, компанијата обезбеди нов вид на бенефиции за децата на вработените, во чии рамки предвиде месечна партиципација во износ од 1.000 денари во текот на целата учебна година.

Средствата се наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсеви за компјутери, спортски и рекреативни активности и за активности од областа на науката и културата. Со проектот се опфатени и деца од предучилишна возраст и од основното и средното образование.

Грижата за вработените – клуч за успехот на компанијата

За стабилноста на компанијата во голема мера зборуваат и финансиските параметри, благодарение на кои Алкалоид АД Скопје, втора година по ред е во првите пет најголеми македонски компании, во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Со вкупен приход од 14.032.427.426 денари и добивка пред оданочување од 1.872.306.460 денари, Алкалоид АД напредуваше за една позиција и се искачи на 9. место на листата на најуспешни компании, додека втора година по ред го задржа 5. место на ранг-листата на најголеми компании во земјата.

Зголемени продажби и зголемен извоз во 2024 година

Во периодот јануари – декември 2024 година, „Алкалоид“ оствари консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, од кои 210,5 милиони евра се реализирани преку извоз, како и инвестиции во износ од 23,3 милиони евра.

Компанијата бележи раст и на домашниот пазар и кај вкупниот консолидиран извоз, кој е зголемен за 14%.

„Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашниот пазар, а 68% на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27%, во земјите од Западна Европа 22%, во земјите од Источна Европа 18%, а на другите пазари 1% од вкупните консолидирани продажби“, информираа од компанијата

Најдинамичен раст меѓу извозните пазари е забележан на Кипар, каде продажбите се зголемени деветкратно, како и во Литванија, со раст од два и пол пати.

Според структурата на продажбите, фармацевтскиот сегмент доминира со 91% учество во вкупните консолидирани продажби, додека сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9%.

Инаку, Алкалоид АД Скопје е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од самите почетоци на проектот.

Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт