Недела, 01 Јуни 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ – 18 годишна традиција

Иновативен проект, пионир во оваа замисла и сѐ уште уникатен во својата издавачка форма, визија која што датира од 2003та година.

Проектот наречен 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ може да се опсервира од повеќе аспекти: како афирматор на раководство на главните двигатели на македонскиот пазар и детален приказ на нивното раководство, индикатор за општата економска состојба во нашето поднебје, прирачник кој ја поедноставува комуникацијата помеѓу елитните фирми во Македонија кој исто така придонесува и за атрактивноста на македонскиот пазар во однос на странските инвеститори. Но, зад оваа идеја стои јасна мисија и амбиција за реализација на овој иновативен проект, пионир во оваа замисла и сѐ уште уникатен во својата издавачка форма, со визија која што датира уште од далечната 2003та година кога економистот Томе Талевски ангажира тим на млади и стручни кадри кои со напорна работа и со голем ентузијазам ќе успеат да ја реализираат оваа замисла која што со својата интригантност и уникатност веднаш наидува на поддршка од Министерството за економија и воспоставува соработка со Централниот регистар. 


 

Првата едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ со податоци за 2003та година.


Примарната идеја на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е да објави детален приказ во печатена форма на англиски и македонски јазик за финансиското и деловното работење на гигантите на македонскиот пазар, поделен во два сегменти: најголеми и најуспешни компании за чие рангирање се користат параметри како вкупен приход, раст на вкупен приход, добивка пред оданочување, раст на добивката пред оданочување и просечен број на вработени. 

 


Веќе со четвртата публикација изданието ја збогатува својата содржина претставувајќи приказ на најголемите и најуспешните компании од регионот; Република Србија, Хрватска и Словенија, а со тоа 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ своевремено се афирмира како единствена публикација која нуди регионални информации од овој тип. 


 

Јубилејното десетто издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ


Од 2014та година се реализира и дигиталниот проект - Клуб 200, платформа од информативен карактер за актуелните економски новости и бизнис работења, која што исто така нуди и можност за ексклузивно членство на компаниите рангирани на листата на најголеми и најуспешни што би претставувало поедноставување на размената на информациите, знаењата и искуствата помеѓу фирмите. Истата година 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како и CLUB 200 се здобиваат со статус на заштитна трговска марка. 


200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ на автобусите на ЈСП


До 2021ва година, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ остварува соработка со речиси сите фирми кои што формирале дел од ранг-листите во изминатите години, а во тек се и припремите за осумнаесеттото по ред издание. Оваа година се очекува 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ да го афирмира својот курикулум и бренд- статус со личен сертификат. 



Актива: Градење на иднината со визија, мисија и социјална одговорност

Со визија што инспирира, мисија што носи резултати и вредности што градат доверба, Актива ја креира иднината на индустриското градење и производство.

Даути Комерц: Профил на Компанијата

Од скромен почеток до регионален лидер – Даути-Комерц е приказна за визија, истрајност и успех што се протега низ Балканот и пошироко.

Вкусот на дома: Запознајте ги производите на Пекабеско

Што ако ви кажеме дека вкусот на вашето детство, неделните ручеци и мирисот на домашната кујна сè уште постојат – само спакувани од Пекабеско?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт