Повеќе од 20 години, аптеките на оваа позната македонска веледрогерија за македонските граѓани ги носат најквалитетните производи во оваа област, а компанијата негува општествено-одговорни практики, како верен партнер на културата и спортот во заедницата на која ѝ припаѓа.
„ЕУРО-ФАРМ“ веќе 12 години е дел од семејството на најгоелемите и најуспешните компании, а во 2023 година беше рангирана на 83. место на ранг листата на најголемите компании во Македонија.
Компанијата во 2023 година остварила вкупен приход од 3.406.649.586 денари и вкупна добивка пред оданочување од 37.470.216 денари.
Процентуално, компанијата забележала раст на приходите за 5,29%.
Во 2023 година има и мал раст на бројот на вработени во споредба со претходната година, па така таа година, компанијата обезбедувала сигурна егзистенција за 93 вработени.
Компанијата на македонскиот пазар постои повеќе од 20 години и претстаува синоним за модерна, препознатлива, лојална и општетсвенo-одговорна компанија.

Водејќи се од мотото „Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје“, „ЕУРО-ФАРМ“ во последните дваесетина години прерасна во лидер во аптекарската дејност во Македонија.
Но, истовремено, „ЕУРО-ФАРМ“ како голема компанија во нашата земја е и пример за општествена одговорност и негување на здрави практики.
Свесни дека големиот успех значи и голема одговорност, „ЕУРО-ФАРМ“ секоја година го потврдуваат своето место меѓу општествено одговорните компании.
Во 2023година компанијата беше добитник и на Национална награда – ,,Признание за успешно спроведена општествено одговорна практика 2023…“ – награда што со години традиционално ја доделува Министерството за економија.
Наградата беше доделена за проектот „Семејно здравје“, публикација по која „ЕУРО-ФАРМ“ со години наназад е препознатлива, а во која се опфатени голем број интервјуа, текстови и објави поврзани со здравјето и медицината.

Освен што е препознатлива по грижата за здравјето на граѓаните и што нуди квалитетни услуги за сите, „ЕУРО-ФАРМ“ како компанија е препознатлива и по тоа што е верен пријател на македонскиот спорт и посветено работи на промоција на здравите спортски навики кај граѓаните.
Љубителите на македонскиот ракомет, знаат дека во 2020 година „ЕУРО-ФАРМ“ стана спонзор на ракометниот клуб „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР “, со што ја врати ракометната слава на градот на конзулите.
Со доаѓањето на „ЕУРО-ФАРМ“ во клубот кој имаше богата традиција низ годините, ракометниот клуб почна да нижи успеси, па РК „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР“ веќе три години по ред ја зема шампионската титула во Македонија (2023, 2024, 2025).
„Нашата страст за ракометниот спорт и за градот од каде ја започнавме нашата приказна, веќе втора година по ред го носи шампионскиот пехар за ракометниот клуб ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР. Нашето континурано компаниско вложување во реализацијата на Платформата за ракометна Битола е успешен проект кој и оваа сезона го крунисува РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР во македонски ракометен шампион.
Нашата компанија и во наредната сезона останува горд и посветен поддржувач на ракометна Битола“ – стои на веб страницата на компанијата.

Освен вложувањата и инветсициите во ракометот, „ЕУРО-ФАРМ“ е верен поддржувач и постојано е присутна на голем број спортски и културни настани во државата.
„Скопскиот маратон“, „Трчај бе“, „Охрид ТрчаТ“, „November Run“, „Авицена женска трка“...
Ова се само дел од големиот број спортски настани од кои компанијата била дел и со коишто се обидела да даде свој придонес во промовирањето на здравите животни навики и на спортот.
Благодарение на сè што е погоре изнесено станува јасно дека за „ЕУРО-ФАРМ“ грижата за здравјето не се сведува само на увоз и продажба на квалитетни лекови, туку таа е компанија која промовира здрави навики и здрав животен стил.
Во своето долгогодишно постоење „ЕУРО-ФАРМ“ не само што стана лидер во аптекарската дејност во Македонија и Регионот, туку е и еден од најпозитивните примери за општествена одговорност и грижа за заедницата.
Промоцијата на здравите навики, поддршката на македонскиот спорт, како и вложувањето во идните генерации, се само некои од добрите бизнис практики што го прават овој бренд омилен, не само кај битолчани, туку и во рамките на цела Македонија, а позитивните резултати на економски плах и успехот на ранг листата на најголемите компании се само уште една потврда за заложбите и напорната работа на компанијата.
Ова се само дел од причините зошто компанијата е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт