Веќе 30 години наназад КАМ ДОО го негува имиџот на првиот и најдобар хард-дисконт во Македонија. Станува збор за најпознатиот и можеби најдобро распротранет трговски синџир во Македонија, со околу 84 продавници на територијата на нашата земја и уште 28 продавници во соседна Бугарија.
Почнувајќи од првата продавница, која била отворена во далечната 1995 година во Градскиот трговски центар, КАМ маркетите со децении докажуваат дека и на нашето подрачје може да се развијат концептите за продажба, преземени од искуствата на развиените земји.
КАМ ја започна работата уште во периодот кога во Македонија присуството на големи трговски синџири сè уште не беше доволно развиено, но со доследно следење на своите првични концепти на работа успеа да опстои и во времиња кога конкуренцијата во секторот трговија стана сè поголема, и по 30 години да биде еден од најпреферираните синџири на маркети во Македонија.
Оттука, сосема логично се поставува прашањето: „Која е нивната тајна за успех и што всушност претставува концептот за хард – дисконт?“

Основен принцип на работење на сите хард-дисконти во светот, а и кај нас е „понудата на производи со висок квалитет по ниски цени, во услови со високи стандарди“, со што се задоволуваат двата клучни критериуми што потрошувачите најчесто ги бараат: квалитет и ниски трошоци.
За да го задоволат овој едноставен концепт, хард-дисконтите се трудат да направат заштеди во оперативните трошоци и тоа во неколку аспекти:
Освен овие три клучни работи, мошне важна е и соработката со некои важни партнери кои овозможуваат во хард-дисконтите нивните производи да се продаваат по пониска цена од вообичаено.
Ако сте ги посетиле КАМ маркетите, јасно ви е дека кај нив овој принцип на работа е доведен до совршенство.
Во рафтовите на нивните (едноставно уредени) продавници има асортиман од над 1.700 производи, од кои повеќе од 600 се приватни марки, а многумина тврдат дека производите на КАМ се поевтини, но и подобри од конкурентните.
Свежо овошје и зеленчук, производи за широка потрошувачка, прехранбени продукти, пекарски производи, свежо месо... Во маркетите на КАМ можете во секое време да најдете сè што ви треба по најниски цени, и токму затоа нивните маркети најчесто се прв избор кај потрошувачите.
Дополнително, мора да се напомене дека во маркетите редовно има и акциски цени на одредени производи, како и изложување на производи поврзани со одредени периоди во годината, што ги прави уште попривлечни за потрошувачите.
КАМ досега повеќепати бил добитник на престижни награди и признанија, што само ја потврдуваат неговата важност и добрата позиционираност во трговскиот пазар во Македонија.
Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS пет години по ред го прогласува КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар.
Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.
Според истражувањето спроведено од угледната агенција, КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар.
Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS.
Во рамки на истото истражување, КАМ се најде на првото место во соодносот цена-квалитет за пекарите кои што се дел од синџирот маркети.
Уште едно истражување, тоа на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија.
И за 2023/24, како и за претходните шест години, КАМ е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар. Во рамки на истото истражување, КАМ зазема прво место и во поткатегориите: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.

Со години наназад КАМ ДОО е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија.
Графиконот опфатен во рамки на club200 во последните 20 години покажува само нагорно движење на линијата во однос на годишната добивка пред оданочување и во однос на остварените приходи.
Во 2023 година, КАМ оствари вкупен приход од 16.536.815.250 денари и добивка пред оданочување од 480.279.561 денари.
Процентуално, во однос на претходната година, забележан е раст на приходите за 15,56%, додека растот на добивката пред оданочување е за 53,24%.
Благодарение на овие резултати КАМ маркетите се најдоа на 7. место на ранг листата на најголеми компании и на 40. место на ранг листата на најуспешни компании во Македонија.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт