Вторник, 22 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Колку добивка оствариле маркетите за изминативе пет години?

Според анализата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, маркетите во текот на изминатата година профитирале како никогаш до сега.
Колку добивка оствариле маркетите за изминативе пет години?

Анализата е извршена на единаесет маркети кои што во изминатите пет години завземаат место помеѓу 200те најголеми и најуспешни компании според податоците на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ добиени од Централниот регистар на Република Северна Македонија. На листата доминираат македонски маркети, поточно девет од единаесет, иако секоја година како најуспешен маркет се позиционира грчкиот инвеститор ВЕРО, додека пак КАМ МАРКЕТ води во ранг-листата на најголеми маркети. Сепак, седум од десет маркети секоја година консекутивно завземаат место и на двете ранг-листи направени според остварен приход и добивка пред оданочување, а интересен е и фактот дека речиси половина од маркетите изминатата година оствариле најголема бруто добивка во изминатите пет години што значи дека и покрај глобалната финансиска криза како последица од пандемијата, граѓаните масовно издвојуваат средства за прехрамбени производи и основни намирници. Во прилог можете да го погледнете графичкиот приказ за анализата на единаесет добро познати маркети извршена врз основа на нивната добивка пред оданочување во денари.




АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт