Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Конти Хидропласт - постојан развој на нови производи и технологии на македонскиот пазар

Конти Хидропласт е скоро 50 години на македонскиот пазар, основана во 1975 година, а се работи за фабрика за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки.

Компанијата е извозно ориентирана, што може да се забележи и од нејзиното рангирање на листата на најголеми извозници за 2022 година како 21ва компанија со 2,74 милијарди денари остварен приход од продажба на странски пазар, што е 81,3% од вкупно остварените приходи. 

Со постојани инвестиции во нови технологии, порастот и развојот на компанијата низ годините се неизбежни, па така и нејзиното присуство во 200те најголеми и најуспешни компании во изминатите 20 години.


Во 2003 година Конти Хидропласт се рангираше како 160та најголема и 92ра најуспешна со само 55 вработени во тоа време. Оттогаш, забележителен е порастот на компанијата низ годините, како во поглед на вкупниот приход така и на добивката пред оданочување и бројот на вработени. 

Споредбено со 2003 кога вкупниот приход на компанијата изнесуваше 337 милиони денари, а добивката пред оданочување 25,7 милиони денари, 20 години подоцна нејзиниот приход е зголемен за 900,21%, додека добивката пред оданочување е зголемена за 1893,67%. Полека, но сигурно, е зголемен и бројот на вработени во компанијата, кој во 2022 година изнесувал 172 лица. 


Финансиските резултати во 2022 година ја рангираа компанијата на високи позиции на двете листи, односно на 80то место на листата на најголеми со остварен вкупен приход од 3,4 милијарди денари и на 30то место на листата на најуспешни со добивка пред оданочување од 512,8 милиони денари. 

Повеќе податоци за компанијата може да пронајдете тука, а целосните табели за сите компании се достапни на овој линк


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт