Недела, 07 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА – Мобилност на иднината

Порше Македонија е бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.

Порше Македонија во нашата држава се наоѓа помеѓу 200те најголеми и најуспешни компании уште од 2006та година. 

Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите. Неприкосновениот квалитет на производите и услугите, постојаните надградувања и подобрувања се главната конкурентска предност на што се темели лидерската позиција на автомобилскиот пазар.

Во 2022 со успехот кои го постигнаа се најдоа повторно во клубот на престижните. Успеаа да го заземат 77то место на најголеми и 109то место на листата на најуспешни компани за годината. Исто така позитивни резулатати забележуваат и во нивната добивка пред оданочување. Имено забележале вкупна добивка пред оданочување од 155.811.891 денари, а со тоа и раст од 27.87% во споредба со минатата година. 

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Скоро прославија и 75 години од брендот Porsche. Движени од соништата, возилата на брендот Porsche низ годините се во сѐ поголем број, благодарение на високото ниво на квалитет и врвната пост-продажна услуга од страна на нивната компанија. Преку прославата, Генералниот Директор Златко Муцунски изјави дека сакаат да фрлат поглед кон историјата, додека смело гледаат и се движат кон иднината.

Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт