Четврток, 30 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, компанија специјализирана за трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија, во периодот од 2020 до 2024 година бележи импресивен раст и стабилност, зацврстувајќи ја својата позиција како еден од клучните играчи на пазарот на луксузни автомобили во Македонија.

Како долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, оваа компанија континуирано покажува способност за адаптација, иновација и стратешко позиционирање.

Експанзија по периодот на предизвици

Иако 2020 година беше особено предизвикувачка поради глобалната пандемија и економската неизвесност, Порше Македонија успеа релативно брзо да се стабилизира и да започне нов циклус на раст.

Тогаш компанијата се најде на 49. место на ранг листата на најголемите и на 82. место на најуспешните компании во земјата. Сепак, токму овој период претставуваше основа за понатамошно зајакнување на деловниот модел и оптимизација на оперативните процеси.

Во 2021 година веќе се забележува јасен пресврт. Компанијата оствари приход од 3.605.272.349 денари (+23,5%), додека добивката пред оданочување достигна 121.849.436 денари (+7,2%). Овие резултати ја потврдуваат способноста на Порше Македонија брзо да се прилагоди на новите пазарни услови и да ја врати довербата кај клиентите.

Следната година, 2022, донесе стабилизација на приходите на ниво од 3.593.241.425 денари (-0,33%). Сепак, значителен е растот на добивката пред оданочување од 27,9%, која достигна 155.811.891 денари. Овој резултат укажува на подобрена ефикасност во работењето, оптимизација на трошоците и зголемување на профитните маржи.

Најголем пробив во 2023 година

Вистинскиот пробив се случи во 2023 година, кога Порше Македонија забележа експлозивен раст.

Приходите достигнаа 5.690.372.781 денари (+58,4%), додека добивката пред оданочување порасна за 88,2% и изнесуваше 293.261.027 денари. Овој значителен скок е резултат на добро осмислена стратегија, зголемена побарувачка за луксузни возила и проширување на понудата со премиум брендови.

Позитивниот тренд продолжи и во 2024 година, кога компанијата оствари приход од 6.170.797.844 денари (+8,4%), додека добивката пред оданочување достигна 409.539.605 денари (+39,7%). Овие резултати ја потврдуваат стабилноста и способноста на компанијата за континуиран раст.

Напредокот е јасно видлив и во рангирањата. Во 2024 година, Порше Македонија се најде на 43. место меѓу најголемите и на 47. место меѓу најуспешните компании во Македонија, што претставува скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност во период од пет години.

Клучен фактор за овој успех е фокусот на компанијата кон висококвалитетни и луксузни возила, како и постојаното вложување во подобрување на корисничкото искуство. Дополнително, Порше Македонија во последните години зема сè поголем дел од колачот на продажбата на нови хибридни возила.

Порше Македонија не само што продава автомобили, туку гради долгорочни односи со клиентите, нудејќи врвна услуга и доверба, која не се заснова само на продажба, туку и на постпродажниот сегмент, преку овластен сервис, узвоз на делови, но и поддршка.

Гледано во целина, периодот 2020–2024 претставува приказна за трансформација, раст и зацврстување на лидерската позиција.

Доколку компанијата продолжи со истото темпо, реално е да се очекува уште подобро позиционирање во идните рангирања и дополнително зацврстување на нејзиниот статус како лидер во сегментот на луксузни автомобили во Македонија.

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?

Супертрејд ДООЕЛ: Како се гради стабилен бизнис во услови на нестабилен енергетски пазар?

Кои се клучни фактори во утврдувањето на цената на горивото на локалниот пазар? Како „Супертрејд“ планира да се справи со глобалните предизвици? Анализа на стабилната бизнис стратегија која носи резултати со години наназад.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт