„Реплек“ е македонска фармацевтска компанија која 80 години гради успешна приказна. Палетата од 150 фармацевтски производи се застапени како на македонскиот, така и на меѓународниот пазар.
Денес, „Реплек“ е компанија која има над 400 висококвалификувани вработени лица, ентузијасти кои се предводени од визијата за успешност, квалитет и производи кои се препознатливи кај потрошувачите во повеќе од 25 земји.
„Низ годините се менувавме, иновиравме и креиравме синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени“ – нагласуваат од компанијата на официјалната веб-страница.

Компанијата веќе 80 години посветено работи со производи кои се присутни во сечие секојдневие, а тоа само по себе придонесува „Реплек“ да се вброи меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Препознатлива по квалитетните фармацевтски производи, „Реплек“ со години наназад е синоним за производство на лекови во Македонија по највисоки стандарди.
Тоа е компанија која истовремено ги следи трендовите во фармацијата во сите развиени европски земји.
А напорното работење дава свои резултати. Доказ за тоа се и позитивните финансиски извештаи, како и постојаното освојување на нови пазари во светот и зголемување на извозот.
Во 2023-та година компанијата остварила приход од 1.652.430.777 денари, а за една година бележи раст на приходите за 279,60%.
Со раст на добивка од 188,63%, „Реплек“ се најде на 177-мо место на Најголеми компании во Македонија и на 109-то место на Најуспешни компании во Македонија.
Истата година компанијата забележaла пораст на продажбата на странските пазари.
Продажбата, надвор од Македонија пораснала за 43%, а позициите на компанијата се зајакнувале и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37% во однос на 2022 година.
Оттука, јасно е дека во голем дел успехот на „Реплек“ се должи токму на промената на стратегијата на извозот и зголеменото присуство на македонските лекови во аптеките на странскиот пазар.
Под мотото „За мое добро“, „Реплек“ како компанија е фокусирана на креирање производи кои имаат за цел да овозможат подолг и подобар квалитет на животот.
Сите работни процеси во компанијата се во рамки на етичкото работење, работење со највисоки стандарди и согласно потребите од модерниот начин за живот.
Производниот капацитет на компанијата произведува повеќе од 150 лекови. Станува збор за капацитет којшто е дизајниран, изграден и опремен во согласност со најновите барања за добра производна пракса и според најсторгите барања за заштита на човековата средина.
Нивниот производствен капацитет ги исполнува најстрогите барања за квалитет и безбедност на лековите.
„Тежнееме да креираме индивидуален пристап за нашите корисници. Тежнееме да креираме добросостојба.
Нашата визија е секогаш да ги пратиме потребите на нашите корисници, да ги следиме нивните животни навики, да креираме заеднички подобра иднина. Сето ова го правиме со огромна страст кон работата, кон истражувањето и со голема храброст да ги исполниме вашите очекувања“ – велат од компанијата.
„Реплек“ успеа да се најде меѓу најголемите компании во Македонија и тоа не само во фармацевсткиот сектор, туку и пошироко.
Нивната дејност би можела да се подели во неколкку клучни сектори:
„Реплек“ е македонски бренд кој благодарение на долгогодишниот квалитет, успеал да стекне голема доверба кај потрошувачите.
Ова е особено важно во денешно време кога секој човек ги има информациите на дланка и добро е запознаен со сите неопходни работи кога треба да го избере најдоброто за сопственото здравје.
Во таа насока оди и мотото на компанијата „За Мое Добро“, што само по себе нагласува дека потрошувачите знаат дека ќе добијат производи со европски квалитет ако се одлучат за брендот „Реплек“.
Компанијата нуди широка палета на фармацевтски производи, лекови произведени во Македонија и од нашиот стручен кадар, а кои се наменети за сечија потреба – од лекови против болка, до козметички препарати и додатоци за исхрана.
Особено значајни се производите од екстракт на канабис кои компанијата почна да ги произведува уште во 2016 година.
„Реплек“, всушност беше првата компанија во Македонија која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBT/THC), што во голема мера значеше подобрување на квалитетот на живот на голема група граѓани коишто се соочуваат со различни здравствени состојби.
Имено, според најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса, при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC).
Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката.
Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA).

Најголем дел од производите на „Реплек“ се продаваат на странските пазари.
„Реплек“ е извозно ориентирана компанија и голем дел од производството, околу 75% се пласира на странските пазари.
Производите на „Реплек“, освен во домашните аптеки и на Балканот, се продаваат и во аптеките на земји членки на ЕУ, во Југоисточна Европа, Заедницата на независни држави (ЗНД), Југоисточна Азија, Африка и на Блискиот Исток.
Во 2023 година Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат го потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“. Компанијата по четврти пат го доби сертификатот – EUGMP (Good manufacturing practice).
Инаку, овој сертификат е потврда за добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија.
Покрај тоа EUGMP сертификатот е неопходен услов за „Реплек“ да може да влезе на пазарот на ЕУ, но истовремено исклучително е важен и за пласман на другите пазари и во земји кои не се дел од Унијата.
Токму благодарение на овој сертификат, македонските фармацевтски производи на „Реплек“ се достапни на пазарите во светот.
Производите на „Реплек“ се застапени на над 25 странски пазари.
Дел од производите на компанијата од фармацевтската програма се меѓу најпродаваните на дел од пазарите, што е директна потврда за квалитетот и високата конкурентност на глобално ниво и го докажува потенцијалот за натамошен раст и развој.
„Успехот на компанијата и заокружувањето на една успешна година се должи на стратешката развојна политика, во чии рамки инициравме храбри транзициски процеси кои ги подобрија и зајакнаа перформансите на компанијата.
Ние цврство веруваме дека промените и напредокот започнуваат од внатре, а оваа нова компаниска енергија веќе е препознаена на пазарите.
Имаме амбициозни планови и ова е само почеток на нивна реализација.
Цврсто веруваме во нашето портфолио на чие збогатување посветено работат нашите фармацевтски тимови и уверени сме дека нашата посветеност ќе донесе дополнителен раст на компанијата, но и ќе придонесе во развојот на целокупната македонска економија“, истакна Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“ Скопје, во соопштението упатено до јавноста по повод успешно завршената година на компанијата.
Овој гигант во македонската фармација нема намера да застане со напредокот. Нивната цел е да остварат лидерска позиција на домашниот, но и на меѓународните пазари.
„Работењето на „Реплек“ претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето. Секогаш сме отворени за нови идеи, го цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените. Ја цениме секоја храбра идеа, го поддржуваме секој иновативен исчекор“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.
Главна цел на компанијата е континуирано имплементирање на нови технологии во работењето, изградба на нови капацитети, проширување на палетата на производи, зголемување на бројот на извозните парнери и постигнување на поголема економичност.
Компанијата исто така инвестира во унапредување на квалитетот, терапевтската ефикасност, сигурноста и безбедноста на генеричките лекови кои ги произведуваат.
„Реплек“ се стреми долгорочно да ја унапреди соработката со странските и домашните партнери притоа водејки грижа за крајните потрошувачи и нивните потреби.
Една од нивните карактеристики е и континуирано зголемување на капиталот на акционерите преку водење на профитабилна, брзорастечка компанија.

„Реплек“ од 2003 година влезе во елитното друштво на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија и соодветно на успехот ги менува позициите меѓу Најголемите компании во Македонија и Најуспешните компании во Македонија.
Благодарение на долгогодишната посветена работа, посветеноста на добросостојбата, како на своите вработени, така и на своите потрошувачи, од објавите на CLUB 200 низ годините може да се забележи дека компанијата само бележи раст.
„Реплек“ е синоним за квалитетни фармацевтски производи по пристапна цена за потрошувачите. Тие знаат дека од оваа компанија добиваат лекови изработени по најсовремени стандарди и со европски квалитет.
Освен што е максимално посветена на развојот и на иднината, компанијата е и општествено одговорна компанија, која досега се вклучувала и спроведувала голем број настани со хуманитарна цел, или пак со цел за поттикнување на добросостојбата.
Компанијата постојано е во потрага по нов стручен кадар што ќе ѝ помогне да ја изгради својата визија за доминантност на домашниот и светскиот фармацевтски пазар.
Од сето погоре напишано може да се заклучи дека ова е компанија која што низ годините може да очекуваме дека само ќе се искачува повисоко на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ – како фармацевтска компанија која успела да го најде совршениот рецепт за успех и да им пркоси на сите предизвици низ годините.
05-12-2025
03-12-2025
03-12-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт