Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Супертрејд ДООЕЛ: Како се гради стабилен бизнис во услови на нестабилен енергетски пазар?

Кои се клучни фактори во утврдувањето на цената на горивото на локалниот пазар? Како „Супертрејд“ планира да се справи со глобалните предизвици? Анализа на стабилната бизнис стратегија која носи резултати со години наназад.
Супертрејд ДООЕЛ: Како се гради стабилен бизнис во услови на нестабилен енергетски пазар?

Супертрејд ДООЕЛ Скопје покажува динамичен циклус на работењето во последните 5 години, ситуација што дополнително се очекува да биде отежната со најновите геополитички збиднувања, заради скокот на цените на нафтата на светските берзи и ограничените испораки.

Ова е сосема нормално, ако се земе предвид дека станува збор за компанија која работи во енергетскиот сектор, односно во сегментот на индустрија со горива, кој во голема мера зависи од глобалните случувања и токови, но и од локалната побарувачка.

Сигурните партнерства клуч за справувањето со предизвиците

Како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, Супертрејд ДООЕЛ со години наназад покажува дека успешно знае да им одговори на предизвиците и да се справи со сите очекувани или неочекувани пресврти, како на глобалниот, така и на локалниот пазар.

Во изјава за club200, генералниот директор и сопственик на Супертрејд, Владимир Стајиќ зборуваше повеќе за предизвиците со кои компанијата се соочува во моментов.

И тој го потенцира влијанието на моменталните геополитички случувања врз пазарот со нафтени деривати во земјава.

„Глобалните движења на нафтениот пазар имаат директно влијание врз работењето на компаниите во секторот, особено во делот на набавката, логистиката и управувањето со залихите.

Во услови на геополитички ризици и ценовни осцилации, обезбедувањето стабилно снабдување претставува значаен предизвик.

Во такви услови, клучни се навременото планирање, диверзификацијата на изворите и стабилните партнерства. За Супертрејд, сигурноста на снабдувањето останува приоритет, со фокус на флексибилност и оперативна ефикасност“ – вели тој.

Но, како што нагласува, клучна улога во справувањето со предизвиците имаат цврстите стратешки партнерства, особено партнерството на Супертрејд со американскиот нафтен гигант Gulf Oil, компанија со вековна традиција, која досега успешно се справувала со голем број предизвици во своето 120-годишно постоење.

Меѓународните партнери имаат клучна улога во обезбедувањето континуитет и стабилност на снабдувањето.

Во енергетскиот сектор, доверливите снабдувачки синџири се основа за успешно функционирање, особено во услови на пазарни промени.

Во тој контекст, соработката со реномирани компании обезбедува сигурност, квалитет и предвидливост. Партнерството на Супертрејд со Gulf Oil International претставува значаен сегмент од оваа стратегија, со оглед на глобалната препознатливост и високите стандарди што ги носи брендот“ – нагласува тој.

Како што нагласува, цената на горивото на локалниот пазар не зависи само од цената на нафтените деривати на светските берзи, туку се формира врз основа на повеќе фактори.

„Цената на горивото на локалниот пазар е резултат на повеќе фактори, од кои најзначајни се глобалната цена на нафтата и дериватите, транспортните трошоци, девизниот курс, како и даночната и акцизната политика.

Дополнително, влијание имаат и трошоците за складирање, логистика и усогласување со регулаторните барања. Сите овие елементи го прават формирањето на цената комплексен процес, кој е тесно поврзан со глобалните движења“ – нагласува тој.

Како котираше Супертрејд ДООЕЛ во периодот од 2020 – 2024?

Но, последните случувања не се првпат компанијата „Супертрејд“ да се соочи со предизвици. Тие успешно се справуваа со голем број предизвици и во последните години, што може да се види и од финансиските параметри.

Во 2020 година, компанијата остварила приходи од над 5.28 милијарди денари и добивка од околу 100 милиони денари.

И покрај релативно солидната профитабилност, се забележува пад на приходите (-8,61%), што е очекуван резултат со оглед на глобалната економска нестабилност и намалената потрошувачка во периодот на пандемија.

Веќе во 2021 година следи значителен пресврт. Приходите растат на 7.83 милијарди денари, што укажува на силно закрепнување на пазарот на горива.

Иако нема податок за добивка, јасно е дека компанијата влегува во фаза на експанзија, поттикната од зголемената побарувачка и стабилизирањето на економските текови.

Најсилниот раст е евидентен во 2022 година, кога приходите достигнуваат дури 12.45 милијарди денарираст од импресивни 58,85%.

Овој скок е типичен за период на ценовни турбуленции на енергетските пазари, каде трговците со горива често бележат висок номинален раст. Сепак, добивката од 34 милиони денари покажува дека маржите остануваат под притисок, што е чест случај во оваа индустрија.

Во 2023 година, компанијата влегува во фаза на стабилизација.

Приходите растат умерено за 6,76%, достигнувајќи 13.29 милијарди денари, додека добивката останува речиси непроменета. Ова укажува на зреење на бизнис моделот и прилагодување на пазарните услови, но и на ограничен простор за понатамошна експанзија без структурни промени.

Во 2024 година компанијата забележа пад на приходите од -13,60% и се најде на 13. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Но, истовремено забележително е дека добивката значително расте за 33,99%, достигнувајќи 45.318.429 денари.

Овој тренд јасно укажува на стратегиско репозиционирање – компанијата преминува од фокус на обем кон фокус на профитабилност.

Бројот на вработени континуирано расте од 60 во 2020 година на 90 во 2024 година, што е показател за проширување на оперативниот капацитет и инвестирање во човечки ресурси.

Генерално, Супертрејд ДООЕЛ Скопје е пример за компанија која успешно ја поминува фазата на брз раст, влегува во период на стабилизација и започнува со оптимизација на своето работење.

Намалувањето на приходите во 2024 година не треба да се гледа како слабост, туку како сигнал за зрела бизнис стратегија насочена кон одржлива профитабилност и долгорочна стабилност, што укажува дека станува збор за важен економски двигател во Македонија кој е подготвен да одговори на сите предизвици.

Според предвидувањата, компанијата и понатаму планира да остане многу посконцентрирана на големопродажбата на нафтените деривати – рецепт што во изминатите години се покажа како сигурен чекор за справување со ситуации на криза на овој пазар.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт