Сабота, 14 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Супертрејд ДООЕЛ - Втор најголем увозник на нафта во Македонија

Супертрејд ДООЕЛ Скопје е компанија која постои веќе три децении, а со години наназад е горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија и еден од најголемите увзници на нафта кај нас.

Супертрејд ДООЕЛ е компанија која своите корени ги влече уште од периодот на осамостојувањето на нашата држава. Формирана во 1991 година, денес оваа компанија се фокусира на трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи.

Благодарение на стратешките промени што ги реализираше во своето работење, од компанија која беше сконцентрирана на малопродажба на нафта и нафтени деривати, преку продажба на бензинска пумпа со мини маркет, денес Супертрејд е втор најголем увозник на нафта во Македонија.

Кои стратешки чекори беа мошне важни за компанијата да успее да го оствари овој раст?

Стратешки чекори за уникатна понуда на македонскиот пазар

Од периодот на своето формирање, па сè до 2011 година, компанијата посветено работеше во областа на малопродажбата на нафта и нафтени деривати, како и други трговски стоки, преку сопствена бензинска пумпа која располага и со мини-маркет.

Асортиманот што Супетрејд им го нуди на своите потрошувачи е избран за да ги задоволи нивните секојдневни потреби, односно моторни масла, авто-козметика и секојдневни потрошувачки производи, вообичаени за бензинските пумпи низ државата.

Свесни за сè посилната конкуренција на пазарот, но и за можностите за развој во нашата земја, Супертрејд направија еден клучен визионерски чекор што им донесе поголема профитабилност и успех во работењето.

Така, во 2012 година, менаџментот направи еден клучен пресврт во политиката на работењето на компанијата, со што помогнa таа да се етаблира како еден од најкрупните играчи на пазарот со нафта и нафтени деривати во нашата земја.

Имено, таа година компанијата за првпат премина на директен увоз на нафта и нафтени деривати и се концентрира исклучиво на пазарот на големо со овие производи.

Така, денес Супертрејд гордо може да се декларира како втор најголем увозник на нафта и нафтени деривати во Македонија, веднаш по Рафинеријата ОКТА.

Супертрејд ДООЕЛ, преку својата големопродажна мрежа ги дистрибуира набавените нафтени деривати до приватните бензински пумпи, приватни компании и јавни организации (министерства, општини, училишта, јавни претпријатија, универзитети, здравствени установи и други стопански субјекти).

Тоа е компанија која игра голема улога во одржувањето на транспортот на државата, но и во снабдувањето со нафтени деривати за јавните установи.

Задоволството на клиентите од производите и услугите на Супертрејд ДООЕЛ се потврдува со нивното повторно ангажирање и доверба.

Компанијата направи уште еден важен чекор за да обезбеди уште поголема ефикасност, а тоа се инвестициите во набавки на сопствени транспортни средства за достава на набавените производи до своите крајни потрошувачи.

Транспортот на нафтата и нафтените деривати се реализира преку сопственото друштво за транспорт и услуги Супертрејд Транспорт ДООЕЛ, кое располага со современи транспортни средства специјализирани за транспорт на нафта и нафтени деривати.

Со стратешки партнерства до уникатна понуда на македонскиот пазар

Компанијата е ексклузивен застапник на светски познатиот американски бренд за производство на нафта и нафтени деривати Gulf Oil, со што нуди поголема разновидност и квалитет на пазарот на горива во нашата земја.

Gulf Oil e бренд којшто е основан во далечната 1901 година, односно, токму од почетокот на модерната петролејска ера, односно истата година кога во Тексас, САД биле откриени првите нафтени резерви.

Денес Gulf Oil освен различни видови горива, произведува и голем број други производи кои се неопходни за непречено работење на вашето возило.

Благодарение на ова стратешко партнерство, Супертрејд ДООЕЛ со години наназад редовно успева да се најде во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Како котираше Супертрејд на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?

Според официјалните податоци добиени од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Супертрејд ДООЕЛ, во 2023 година успеа да се искачи на високото 9. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и да се најде меѓу првите 10.

Компанијата остварила вкупен приход од 13.294.265.578 денари и раст на добивката од 33.823.142 денари.

Процентуално, во споредба со претходната година компанијата остварила раст на добивката за 6,76% и благодарение на тоа, успеа да се искачи неколку места погоре на ранг листата на најголемите македонски компании.

Во 2023 година, во Супертрејд ДООЕЛ биле вработени околу 89 лица, а плановите се во иднина нивниот број континуирано да се зголемува.

Профилот на Супертрејд ДООЕЛ во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт