Вторник, 21 Јули 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ТЕП Раде Кончар со континуиран раст и во 2024 година - Фокус врз иновации и паметни решенија

ТЕП Раде Кончар со децении наназад е една од најголемите и најуспешните македонски компании. Станува збор за компанија која вработува високо квалификуван кадар, а чиј главен фокус во работењето е насочен кон иновациите.
ТЕП Раде Кончар со континуиран раст и во 2024 година - Фокус врз иновации и паметни решенија

Со години наназад компанијата е дел од проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, како лидер во решенијата за трафостаници.

Во 2024 година ТЕП Раде Кончар се најде на 186. место на ранг листата на најуспешни македонски компании.

Компанијата остварила вкупен приход од 736.863.016 денари и добивка пред оданочување од 127.376.189 денари.

Раде Кончар ТЕП е водечка компанија во металопреработувачката и електро-индустријата, како во Македонија така и во останатите балкански земји. Таа е дел од брендот „Раде Кончар“, кој егзистира повеќе од 70 години.

Компанијата нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електрична енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите.

Стручниот кадар во компанијата континуирано работи на подобрување и усовршување на функционалноста, квалитетот и изгледот на производите што компанијата ги пласира, како на домашниот, така и на светските пазари.

Иновацијата – јадро на производствениот процес

Успехот на производните решенија на ТЕП Раде Кончар се должи на посветеноста, професионалноста и тимот кој постојано ги следи барањата на пазарот и светските трендови, комбинирајќи ги функционалноста и дизајнот на решенијата.

„Веруваме дека постојаното инвестирање во истражување и развој е суштински дел од поддржувањето на иновативна и развојна економија, која помага во одржување работни места со висока вредност и привлекување нови бизнис можности и талентиран кадар.

Од основањето во 2006 година, ТЕП како дел од Раде Кончар – Сервис се развива во насока на иновации на нови производи, иновации во производните процеси, како и во пристапот кон работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија“, нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

Во последните години компанијата е насочена кон развој на неколку иновативни решенија кои имаат позитивен ефект врз профитабилноста, економскиот раст, како и врз животната средина.

Раде Кончар – ТЕП инвестира во развој на паметни енергетски системи, кои вклучуваат автоматизација и дигитализација на производните процеси. Овие системи овозможуваат интелигентно управување со енергијата и оптимизација на ресурсите, со што значително се намалува енергетската потрошувачка и оперативните трошоци.

Развојот на производи со еколошки дизајн, кои имаат поголема енергетска ефикасност и се изработени од рециклирани и одржливи материјали, е исто така клучен дел од иновативната стратегија. Станува збор за решенија што им овозможуваат на клиентите да ги намалат своите енергетски трошоци и да ги исполнат еколошките стандарди.

Производите што се лесни за рециклирање или повторно користење придонесуваат и кон развојот на циркуларната економија.

Имплементацијата на концептот Индустрија 4.0, преку дигитализација и автоматизација на процесите, претставува уште еден значаен чекор напред. Овој концепт подразбира вклучување на роботика, вештачка интелигенција и big data анализи во секојдневните операции. Овие технологии не само што ја подобруваат ефикасноста и продуктивноста, туку овозможуваат и пофлексибилно и скалабилно производство.

Производствената програма на ТЕП Раде Кончар

Компанијата нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електрична енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите.

Производствената програма опфаќа:

  •        дистрибутивни маслени трансформатори до 1600 kVA
  •        високонапонски постројки за напонско ниво до 110 kV
  •        компактни бетонски трафостаници за напон 20–10/0,4 kV за трансформатори до 1250 kVA
  •        мерно-разводни, приклучни и кабелски разводни ормари
  •        нисконапонски разводни табли за дистрибутивните мрежи во Македонија – EVN
  •        нисконапонски командни и разводни табли за индустриски потреби
  •        управувачки пултови за индустриски процеси
  •        изработка на комплетни проекти, монтажа, испитување и пуштање во работа на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски комплексни објекти.

Успешно реализираните проекти – доказ за квалитетот

Брендот Раде Кончар постои повеќе од 75 години, со седиште во Скопје и со клиенти во повеќе од 40 земји во светот, меѓу кои се вбројуваат ArcelorMittal, EVN, ЕСМ и Електропривреда Србије.

ТЕП Раде Кончар во своето портфолио има голем број успешно реализирани проекти, кои сами по себе говорат за квалитетот на услугите.

Станува збор за клиенти кај кои нема простор за импровизација и каде што дури и краткотраен прекин на електричната енергија може да има сериозни последици.

Како таков пример може да се наведат Клиника Жан Митрев и Неуромедика, како и Пилотскиот тренинг-центар.

ТЕП Раде Кончар бил доверлив партнер и за фабриката за производство на автомобилски седишта Adient, како и за фабриките Johnson Controls и ODW Elektrik, ПроКредит Банка, како и за голем број други компании и фабрики во Македонија и надвор од неа.

Со вакви проекти, иновации и стабилен раст, ТЕП Раде Кончар продолжува да ја зацврстува својата позиција како еден од клучните двигатели на индустрискиот и енергетскиот развој во Македонија и регионот и го зацвструва своето место меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании кај нас.

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид одамна не е само домашен фармацевтски лидер. Анализа на извозната стратегија, инвестициите и меѓународната експанзија на една од најголемите македонски компании.
ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

Финансиска анализа на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ Неготино за периодот 2020–2024 година: приходи, добивка, оперативна ефикасност и позицијата на компанијата во секторот за меѓународен транспорт.
ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

Анализа на финансиските резултати на ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип за периодот 2020–2024: раст на приходите, добивката, бројот на вработени и позицијата меѓу најголемите компании во Македонија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт