Сабота, 24 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Вложувањата на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ - Пример за општествена одговорност

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е една од најпрофитабилните компании во Гевгелија, која минатата година даде позитивен пример за тоа како треба да се возврати во заедницата на која што ѝ припаѓате.
Вложувањата на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ - Пример за општествена одговорност

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е македонска извозно ориентирана компанија, чијашто главна дејност е производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки.

Основана во далечната 1975 година како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика, оваа компанија денес е гигант, којшто е извозно ориентиран и ги освојува глобалните пазари.

Истовремено, оваа компанија е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании кај нас.

Околу 95% од вкупното производство на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ денес се пласира на меѓународните пазари, и со тоа оваа гевгелиска компанија е еден од најголемите македонски извозници, коишто се основани со целосно домашен капитал (а кои се многу малку).

Компанијата го започнала производството во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени, а денес е голема фабрика која вработува околу 181 лице.

Оваа бројка покажува дека компанијата има огромно значење за развојот на Гевгелија како општина, затоа што пред сè обезбедува сигурна егзистенција за голем број семејства од тој регион.

Дополнително, ако на ова се додадат и инвестициите за заштита на животната средина, како и значајните донации и спонзорства, станува јасно дека ова е компанија којашто е пример за општестевена одговорност.

KontiHidroplastCevki

Значајна донација за здравствениот дом во Гевгелија

Оваа 2025 година КОНТИ ХИДРОПЛАСТ даде позитивен пример за општествено одговорна компанија со донацијата од 100.000 евра наменета за Здравствениот дом во Гевгелија.

Средствата се наменети за реконструкција на Интерното одделение во болницата, како и на Одделението за детска превентивна стоматологија.

Благодарение на оваа крупна донација, Интерното одделение во Гевгелија доби нови подови, нови ѕидови, нов санитарен јазол, клима уреди, телевизори, кревети и нова опрема во собите.

Сево ова ќе придонесе за подобрување на условите за престој на болните, но и за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал.

Најјужниот град во Македонија не само што има голема стратешка важност заради својата географска поставеност, тој истовремено е и мошне важен центар за жителите од југоисточниот регион.

Така, бенефитите од оваа инвестиција нема да ги чувствуваат само гевгеличани, туку и жителите на околните општини како Богданци и Дојран.

KontiHidroplastIzrabotka

Поддршка за создавање на здрави навики кај младите

Освен со оваа крупна донација во здравството, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ може да се пофали и со своите донации за креирање и промоција на здравите животни навики кај младите.

Компанијата неколку години наназад е спонзор на детската трка на спортскиот настан November Run Gevgelija, настан што придонесува за промоција на спортот во овој регион од земјата.

„Ние сме посветени на промоција на здрави животни навики и охрабрување на младите атлетичари во нашата заедница“ – нагласуваат од компанијата.

Проекти за зачувување на животната средина

Освен со ваквите крупни донации КОНТИ ХИДРОПЛАСТ може да се пофали и со големиот број инвестиции и проекти што ги има имплементира со цел да даде свој придонес во зачувувањето на животната средина.

Тоа е компанија чија главна мисија е да произведува квалитетни производи, притоа постојано водејќи сметка за заштитата на средината.

Ова го постигнува преку користење енергија од обновливи извори, зголемување на енергетската ефикасност, подобрување на начините на управување со отпадот и намалување на емисиите на CO2 во воздухот.

Во изминативе години, компанијата направи крупна инвестиција со која ја зголеми својата енергетска ефикасност за 42,42%, благодарение на обнова и замена на енергетски неефикасната механизација во производството.

KontiHidroplast-Prezentacija200NajgolemiINajusepsni

Значајна компанија не само за Гевгелија, туку и за Македонската економија

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е значајна како компанија не само за Гевгелија и гевгелискиот регион, туку таа има големо значење и за развојот на целокупната македонска економија.

Тоа е извозно ориентирана компанија која 95% од своето производство го пласира на меѓународните пазари, па на тој начин ја промовира и нашата земја како место каде се произведуваат производи кои што се конкурентни на меѓународните пазари и произведени по европски стандарди.

Гевгелиската компанија веќе долги години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 3.220.621.701 денари и добивка пред оданочување од 562.566.221 денари.

Процентуално, иако во 2023 година, компанијата бележи пад на приходите, за 4,46%, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната, 2022 година е за 9,70%.

Компанијата се најде на 89. место на ранг листата на најголемите и на 31. место на ранг листата на најуспешните компании кај нас.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт