Четврток, 13 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Жито Маркети и групацијата поврзани компании го пуштија во функција новиот административно-деловен комплекс

Свечено е отворен новиот стопански комплекс кој официјално станува нов дом на Жито Маркети и на групата поврзани сестрински компании.
Жито Маркети и групацијата поврзани компании го пуштија во функција новиот административно-деловен комплекс

Админстративно-деловната зграда е лоцирана во непосредба близина на Велес, кај селото Долно Караслари, а во неа ќе функционираат стотина вработени од Жито Маркети и од партнерските компании и брендови. 

Жито ДООЕЛ, Велес како компанија, повторно се наоѓа на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈСУПЕШНИ© фирми за 2021 година. Тоа за нив претставува 17та година во низа како се наоѓаат на листите на најголеми (според вкупниот приход) и на листите на најуспешни компании (според вкупната добивка пред оданочување). Забележуваат и зголемување во нивниот број на вработени, што исто така преставува успех во време кога владее светската економска криза. Имено зголемен е бројот на вработени од 861 во 2020та година на 891  во 2021 година.


Идејата на ЖИТО, како што изјавил и Далибор Ѓошевски, сопственикот на Жито Маркети била да  се изгради едно место каде што ќе се интегрираат сите сестрински компании и брендови, како и сите меѓусебни процеси. Меѓутоа, не само од организациски, просторен, работен или од финансиски аспект, туку и од аспект на креирање на што е можно подобра работна инфраструктура, опрема, можности за сите коишто ќе работат тука да се чувствуваат комотно, продуктивно, во работна околина што ги почитува нивните барања.

Целиот објект е со површина од околу 4.200 м², проектиран е и граден по највисоките стандарди за згради од ваков карактер и е целосно енергетско-ефикасен.

Жито ДООЕЛ постојано се грижи и инвестира во своите вработени. Така, вработените во новиот обејкт, покрај работна дневна рутина, ќе имаат можност дел од времето да го поминат во специјално подготвениот простор и да го искористат за релаксација во текот на работното време. Кон овој концепт, по угледот на големите светски компании, во комплексот се уредени и комплетна кујна и ресторан за вработените. Кујната и ресторанот даваат дополнителна вредност на целиот овој објект. Тука секојдневно ќе се хранат вработените, со однапред дефинирани менија по избор, почитувајќи ги диететските преференци на секој вработен.

 Новиот комплекс има голем магацински простор на два ката, со вкупно 3.000 м² површина, има десет електрични порти / влезови за товар и истовар на стока и е опремен со современи рафтови и друга врвна опрема. Дванаесетте разладни комори се на вкупна површина од 1.800 м², со четири лифтови. Комплексот може да биде целосно независен од електричната мрежа на подолг период, бидејќи располага со самостоен агрегат од 55 KW.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт