Навистина би било супер да можете да одите на одмор без да се грижите колку ќе треба да платите за интернет во роаминг, да дополните интернет секогаш кога сте при крај, или пак да гледате стриминг услуги бесплатно? Таква можност веќе постои и се вика A1 Net Sef.
Во свет каде секој мегабајт е важен, A1 Net Sef носи сосема нов пристап кон користењето мобилен интернет, а истовремено претставува и важна алатка за А1 Македонија за биде прв избор за мобилен оператор кај голем број корисници и да се пласира како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ македонски компании.
Наместо неискористениот интернет да пропадне на крајот од месецот, корисниците можат да го зачуваат и да го претворат во вредност што навистина им треба – роаминг интернет, стриминг услуги или други бенефити.
Оваа флексибилност го менува класичниот модел на телекомуникациски услуги и им дава поголема контрола на корисниците врз сопствените пакети.
Со едноставно управување преку апликацијата Мојот A1, Net Sef станува „паметно“ решение што го прави дигиталното искуство попрактично, поекономично и прилагодено на модерниот начин на живот.

A1 Net Sef е Ваш личен сеф за интернет, каде се зачувува вашиот интернет кој потоа можете да го размените за услугата која ви треба или други пакети по ваш избор, без дополнителни трошоци.
Зачуваниот интернет во А1 Net Sef можете да го користите и доколку го потрошите месечниот интернет вклучен во Вашата тарифа.
Состојбата на Вашиот A1 Net Sef и размената можете да ја вршите во секое време преку апликацијата Мојот А1. За да ги гледате сите опции за размена, потребно е да ја користите последната верзија на апликацијата Мојот А1.
Пакетите може да се разменуваат или подаруваат еднаш во период од 30 дена.
Покрај месечното дополнување со интернет, Вашиот A1 Net Sef можете да го дополните на следните начини:

A1 Net Sef е мошне корисна алатка кога патувате во странство, па неискористениот интернет можете да го размените за бесплатни гигабајти во роаминг.
Исто така, можете да го замените и за одредени стриминг услуги како Netflix, Gley и SkyShowtime, а вклучувањето на услугите е мошне лесно и едноставно и ви овоможува на еден уред да ги користите услугите без дополнителни трошоци. Тоа само по себе значи заштеда на трошоци за стриминг услуги и олеснување на плаќањето (доколку сепак се одлучите за поголеми пакети).
Неискористениот мобилен интернет можете да го замените за користење на апликацијата Boksy која ви овоможува да читате книги на македонски јазик, или пак, да користите некои од услугите како A1 Xplore TV или Net Protect.
Исто така, неискористениот интернет можете да го префрлите во вашиот А1 Digi Pocket и да акумулирате средства кои понатаму ќе ги искористите за купување на нов уред.
Од сè изнесено погоре, јасно е зошто А1 е прв избор на оператор кај голем број македонски корисници.
Освен поволностите што ги добивате со секој склучен договор и квалитетните услуги, ова е компанија која се труди максимално да им возврати на своите потрошувачи за довербата што им ја укажале. Оттука, воопшто не зачудува фактот дека А1 Македонија со години наназад гордо го зазема своето место во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2024 година А1 Македонија се искачи на 11. место на Ранг листата на најуспешни македонски компании и на 18. место на ранг листата на најголемите.
Компанијата остварила вкупен приход од 10.595.711.576 денари и добивка пред оданочување од 1.348.386.636 денари.
Процентуално, компанијата остварила вкупен раст на приходите за 3,03% поголем од претходната година, а растот на добивката пред оданочување бил поголем за 37,13%.
Во тој поглед, компанијата не направила поместување во однос на ранг листата на најголемите компании во Македонија, но на ранг листата на најуспешните бележи скок од една позиција нагоре.
Како една од водечките компании во телекомуникацискиот сектор А1 Македонија, добро ги препознава потребите на своите корисници: Освен што нуди уникатни понуди и услуги, како за приватните и бизнис корисниците, услуги од областа на безбедноста на интернет, компанијата активно вложува и во изградбата на идните квалитетни кадри во ИКТ секторот, преку проектот А1 Academy.
Профилот на А1 Македонија можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
14-01-2026
13-01-2026
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт