Недела, 20 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

200 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА. КОИ ДЕЈНОСТИ СЕ ЗАСТАПЕНИ ВО ТОП 10

Погледнете каков успех забележаа најголемите компании за 2021 година, и кои индустрии се најдоа во топ 10те компании.
200 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА. КОИ ДЕЈНОСТИ СЕ ЗАСТАПЕНИ ВО ТОП 10

Како што можеме да забележиме, од овогодинешната едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПШЕНИ, најголемите фирми во Р.С. Македонија забележуваат пораст во нивните вкупни приходи во однос на измината 2020та година. Имено, вкупниот приход оставарен на најголемите компании за 2021 изнесува 870.153.425.550,00 денари, додека вкупниот приход на најголемите компании остварен во 2020 изнесувал 737.734.809.557,00 денари

Со тоа се забележува пораст од дури 17.9% во вкупните приходи.



Просечниот број на вработени, на најголемите компани во однос на 2020та година забележува мал пад, што и не е толку не очекувано, како што знаеме во услови на економска и енергетска криза. Просечниот бројот на вработени во 2020 година изнесувал 92000, додека пак во 2021 тоа било 89537.

Во однос на тоа кои од дејностите се застапени, можеме да погледнеме дека во најголемите 10 компании, 3 се од преработувачката индустријаЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ и ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО, потоа 3 се од индустријата на трговија на големи и малоОКТА АД, МАКПЕТРОЛ АД и КАМ ДОО, 3 се од индустријата за снабдување со електрична енергија, гас пареа и климатизацијаЕВН ХОМЕ ДОО, ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ и АД ЕСМ и 1 е од индустријата на информации и комуникацииМАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД, Скопје.

Може да забележиме дека најголем приход забележува преработувачката индустрија (293.395.851.653,00 денари), каде што како број 1 на ранг листата се наоѓа компанијата ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје со оставрен вкупен приход од 127.906.532.233,00 денари



Една од компаниите која што последниве неколку години котира на врвот на најголемите компании во Р.С. Македонија е Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, Битола.

Компанијата е присутна на македонскиот пазар од 2013 година, кога беше отворена и фабриката за прозиводство на електрична и електонска опрема за моторни возила лоцирна во индустриската зона Жабени, близу Битола. 

Денес компанијата брои 5368 вработени и се на 2рото место на најголеми работодавци во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Р.С. Македонија. Рангирани се на 7то место на најголеми компании за 2021 година.



Уште една компанија која што од година во година напредува во ранговите на најголемите компании во Р.С. Македонија, а е од индустријата на трговија на мало во неспецијализирани продавници е КАМ ДОО, Илинден

Оваа година се наоѓаат на 9тото место на најголеми компании, кое воедно е и нивната највисока позиција до сега, израмнувајки се со минатата 2020та година. 

Кај нив забележуваме и значителен раст во приходот изминатава година, односно раст од 10,58% во споредба со 2020, како и раст на просечниот број на вработени од 1065 во 2020 година на 1122 во 2021 година, што и покрај условите на економска криза, ни укажува на исклучителен успех. 



На 10тото место на листата на НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ се најде МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД, Скопје, добро позната компанија во Р.С. Македонија од индустријата на информации и комуникации која што е на листата на НАЈГОЛЕМИ а воедно и на НАЈУСПЕШНИ уште од 2003 година, 19 години по ред.

Просечен број на вработени во Македонски Телеком за 2021 изнесува 911.



АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт