Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕВН Македонија финансиски резултати 2020 - 2024: стабилизација по енергетската криза

Најдобар доказ за квалитетното работење на една компанија е и тоа како таа се опоравува по периодите на криза. Како влијаеше енергетската криза врз ЕВН Македонија и како компанијата се опорави од предизвиците?
ЕВН Македонија финансиски резултати 2020 - 2024: стабилизација по енергетската криза

Компанијата ЕВН МАКЕДОНИЈА АД несомнено е еден од најважните субјекти во енергетскиот сектор во Македонија, особено во делот на дистрибуција на електрична енергија. Оттука воопшто не зачудува фактот што таа е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Анализата на финансиските резултати за периодот 2020 – 2024 година покажува значајни промени во работењето, кои пред сè, се предизвикани од глобалната енергетска криза и пазарните турбуленции.

Во период кога Македонија се соочи со ковид пандемијата, последиците од неа и енергетската криза, тоа се отсликува и во работењето на ЕВН Македонија како главен доставувач на електрична енергија на нашиот пазар.

Кога ќе се погледнат финаниските резултати од работењето, станува јасно дека  во овој период, компанијата поминува низ фаза на пад, сериозен удар во 2022 година и последователна стабилизација и закрепнување.

Приходи на ЕВН Македонија: Пад и повторен раст

Во периодот од 2020 до 2022 година, ЕВН МАКЕДОНИЈА АД бележи континуирано намалување на приходите, што е директно поврзано со глобално-политичките и економските случувања во светот, а и кај нас.

Од над 5,1 милијарди денари во 2020 година, приходите се намалуваат на 3,89 милијарди денари во 2022 година.

Овој пад е резултат на:

  • зголемени трошоци за набавка (увоз) на електрична енергија
  • регулаторни ограничувања
  • нестабилност на глобалниот енергетски пазар

Во 2023 година следува значајно закрепнување, при што приходите повторно надминуваат 5 милијарди денари.

Во 2024 година, приходите остануваат стабилни, што укажува на консолидирање на пазарната позиција.

Според податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија, во 2024 година, ЕВН Македонија остварила вкупен приход од 5.209.387.059 денари и добивка пред оданочување од 1.722.590.557 денари.

Компанијата во 2024 година се најде на 8. Место на ранг листата на најуспешни компании, што е пад за 4 позиции во однос на претходната година.

Во однос на успешноста, се најде на 57. место, со што исто така се помести за 4 позиции надолу на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Добивка и профитабилност: Силен пад во 2022, по што следува брзо закрепнување

Ваквите променливи резултати се последица на тоа што профитабилноста на ЕВН е под силно влијание на надворешни фактори.

По стабилни резултати во 2020 и 2021 година, 2022 година носи драстичен пад на добивката на околу 266 милиони денари, што претставува намалување од над 85%.

Во 2023 година, компанијата бележи драматично закрепнување, со раст на добивката од над 560%, достигнувајќи ниво од околу 1,77 милијарди денари.

Во 2024 година добивката останува стабилна, што укажува на нормализирање на деловното работење.

Број на вработени и организациска стабилност

Еден од најважните индикатори за стабилност е бројот на вработени. ЕВН МАКЕДОНИЈА АД одржува релативно конзистентен број на вработени во целиот анализиран период.

Бројот се движи од 208 до 235 вработени, со благ раст во 2024 година. Ова се важни податоци коишто укажуваат на:

  • стабилна организациска структура
  • долгорочна стратегија
  • континуитет во работењето

Фокус на дистрибуција на електрична енергија

Во 2024 година се забележува јасен фокус на основната дејност – дистрибуција на електрична енергија. Овој стратешки пристап овозможува: поголема ефикасност, подобро управување со ресурсите и стабилност во регулираниот пазар.

ЕВН Македонија во услови на енергетска криза

Енергетскиот сектор е специфичен бидејќи е силно регулиран, што значи дека финансиските резултати зависат не само од пазарот, туку и од државните политики и тарифите.

Но, и покрај овие ограничувања, ЕВН покажува способност за адаптација и одржување на стабилност, што е особено важно во периоди на криза.

По стабилизацијата во 2023 и 2024 година, се очекува ЕВН да продолжи со инвестиции во енергетска инфраструктура, модернизација на дистрибутивната мрежа и одржување на стабилни финансиски резултати.

Финансиските резултати на ЕВН за периодот 2020 – 2024 година јасно покажуваат дека компанијата успешно се справува со предизвиците во енергетскиот сектор.

По значителниот пад во 2022 година, следува силно закрепнување и стабилизација, што ја позиционира компанијата како сигурен и долгорочно одржлив играч на пазарот на електрична енергија во Македонија.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт