Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Еуролинк - најуспешна осигурителна компанија за 2021

Проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ веќе 11 години ги рангира банките и осигурителните компании според прикажаните параметри и нивната успешност.
Еуролинк - најуспешна осигурителна компанија за 2021

Една од најдобрите осигурителни компании која делува на нашиот пазар е Еуролинк Осигурување АД Скопје.

Еуролинк Осигурување АД Скопје е компанија за неживотно осигурување формирана во 2002 година со странски капитал. Во 2020 година компанијата е превземена во целост од интернационалната  групација со долга осигурителна традиција, GRAWE.



 

Еуролинк Осигурување согласно податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е втора најголема компанија во Македонија и оваа позиција компанијата ја задржува речиси секоја година. Рангирањето е направено согласно бруто полисираната премија која ја остваруваат осигурителните компании. Додека пак успешноста е според добивката пред оданочување. 

Огромен успех забележуваме во работењето на компанијата во последното издание во кое се прикажани податоци за 2021 година, кога Еуролинк се искачува на првото место како најуспешна компанија во Македонија со остварена добивка пред оданочување од над 100 милиони денари.

Бројот на лица кој компанијата го вработува се движи околу 200. Заклучно со декември 2021 во Еуролинк биле вработени 199 лица. 



АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт