Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КАМ ДОО - Секогаш прв избор за потрошувачите

Ниските цени, довербата што КАМ маркети ја изградија кај потрошувачите и квалитетните производи се само причина повеќе тие да бидат секогаш прв избор за трговски синџир кај нас.
КАМ ДОО - Секогаш прв избор за потрошувачите

Оваа 2025 година е годината кога КАМ Маркетите го слават својот 30 роденден. Компанијата одбележува три децении постоење, три децении квалитетна услуга и гордо нагласува дека нивните маркети се секогаш прв избор кај потрошувачите во земјава.

КАМ маркети од своето постоење, па сè до ден-денешен успешно го следи и го спроведува концептот на хард-дисконт во Македонија, водејќи се од својата клучна определба на своите рафтови секогаш да нуди квалитетни производи по убедливо најниски цени во земјата.

Развиената трговска мрежа со над 80 маркети на територијата на цела земја и околу 20 маркети во соседна Бугарија, стратешки поставените продажни објекти, големиот избор на сопствени производи (што ги има само во КАМ и никаде на друго место) прават тие да бидат прв избор кај потрошувачите.

Дополнително, соодносот меѓу цена и квалитет е мошне значаен за потрошувачите, а овие маркети се од особена важност посебно во услови кога трошоците за живот секојдневно растат, а цената на потрошувачкаата кошничка во земјава од ден во ден е сè поголема.

Кам-Маркет

Најмали трошоци за основните прехранбени производи

Благодарение на тоа што во своите маркети нуди над 600 производи од сопствени трговски марки, КАМ не само што е првиот, туку воедно претставува и најдобро развиениот хард-дисконт во Македонија.

Продажбата на производи од сопствени трговски марки како LeBon, Gusto, Камко, Klinko итн. овозможуваат КАМ маркетите во својата понуда да имаат најевтини производи и тоа во услови кога цената на прехранбените продукти во целата држава вртоглаво расте.

Без разлика дали ви требаат пекарски производи за појадок, млечни производи, масло, јајца, тестенини, или сезонски продукти од типот на ајвар, малиџано, конзервиран зеленчук и сл. веќе знаете дека нив ќе ги најдете во КАМ и тоа по убедливо најниски цени на пазарот.

Благодарение на ваквата поставеност, КАМ во голема мера има и улога на трговски синџир кој ги „диктира“ цените и помага да се ублажи ударот врз паричникот на крајните потрошувачи кои во последните години сè повеќе ги чувствуваат ефектите на зголемената инфлација и покачувањето на цените.

Производи со строго контролиран квалитет

Но, ниските цени не се единствена причина заради која КАМ е избор број еден.

Кога на ваквата разлика во цените ќе се додаде и високиот квалитет на производите коишто се произведени во строго контролирани услови, по сите стандарди за квалитет, со препознатлив вкус и од локални производители, станува јасно дека ова се маркети на коишто може да им се верува.

КАМ маркетите веќе 30 години успешно ја градат својата доверба кај потрошувачите и заради тоа се избор број еден не само кај луѓето коишто купуваат производи за сопствениот дом, туку и кај голем број други занаетчии, угостители и производители на храна кои бараат достава на продукти за своите производствени процеси од доверливи добавувачи со строго контролирани услови на квалитет и по сите стандарди за добри хигиенски, производствени и продажни практики.

КАМ-Презентација200НајголемиИНајуспешни

Квалитетните услуги и ниските цени, клучен фактор за скокот меѓу најуспешните компании

КАМ ДОО со децении наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, а во последните 6 години (од 2019 година па наваму) секогаш се рангира меѓу првите 10 на ранг листата на најголемите македонски компании.

Постојаниот раст на приходите, прават оваа компанија секоја година постепено да се позиционира со неколку места погоре на споменатата листа.

Така во 2023 година КАМ се најде на 7. место на најголеми компании во Македонија, со вкупен приход од 506.897.139 денари.

Исто така, во 2023 година компанијата забележа и раст на добивката пред оданочување за 53,24%, што значи дека ова беше една од поуспешните години.

Имено, претходната, 2022 година, компанијата забележа пад на добивката пред оданочување за 2,70%, а во 2021 година исто така беше забележан пад од 0,31%.

Ваквите бројки секако во голема мера се должат и на последиците од ковид кризата, како и енергетската криза и ценовните шокови во кои се најде Македонија, но без разлика на сè, јасно е дека КАМ маркетите и понатаму се прв избор кај потрошувачите во Македонија.

Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS пет години по ред го прогласува КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар.

Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.

Според истражувањето спроведено од угледната агенција, КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар.

Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт