Заагадувањето на животната средина е топ тема во изминативе неколку години, а голем дел од македонските производствени капацитети и фабрики превземаат мерки за да ја намалат емисијата на штетни гасови и да придонесат за поголемо зачувување на животната средина.
КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е гевгелиска компанија за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки, која долги години наназад е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Станува збор за извозно ориентирана компанија, која околу 95% од своето производство го пласира на меѓународните пазари, и која воедно е една од најголемите македонски извозно ориентирани компании која е основана со целосно домашен капитал.
Но, освен што се стреми да биде лидер во Регионот во својата дејност, постојано инвестирајќи во нови технологии и пласирајќи нови висококвалитетни производи што се конкурентни на меѓународните пазари, оваа компанија со години наназад се стреми да биде „зелена“ компанија која води особена грижа за заштитата на животната средина и за безбедноста на своите вработени.
Производите на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ги имаат добиено сите позначајни ЕУ сертификати, благодарение на кои се конкурентни и на меѓународниот пазар, а мошне важни се и т.н. ДЕП – Декларации за еколошки производ за главните производни групи.
Декларацијата за еколошки производ (ДЕП) претставува независно верификуван и регистриран документ.
Toj овозможува транспарентни и споредливи податоци за еколошкото влијание на производот во текот на целиот негов животен циклус — од екстракција на суровини, производство, транспорт и инсталација, до употреба и крај на животниот век.
„Овие декларации се изработени во согласност со меѓународните стандарди ISO 14025, ISO 14040 и ISO 14044, и се верификувани од независна трета страна за да се обезбеди нивната точност, кредибилитет и усогласеност со глобалните барања.
Имплементацијата на ДЕП претставува значаен чекор кон усогласување на нашето производство со современите барања за одржлива градба, особено на пазарите каде што се применуваат високи еколошки стандарди.
Со мерење и анализа на еколошкото влијание на нашите производи, овие декларации ни помагаат да го намалиме еколошкиот отпечаток, да ги редуцираме CO₂ емисиите и да ги оптимизираме производствените и синџирите на снабдување.
Веруваме дека ДЕП не само што им овозможува на нашите партнери и клиенти проверени и транспарентни податоци, туку и активно придонесува кон создавање одржлива и позелена иднина за сите“ – нагласуваат од компанијата.

Освен што обезбедува клучни сертификати за своите производи, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ вложува и други напори за зачувување на животната средина и за да го оправда својот статус на „зелена“ компанија.
Во прилог на тие напори се и инвестициите за користење обновливи извори на енергија, подобрувањето на начинот на управувањето со отпадот и воведувањето на енергетски ефикасни технологии.
Компанијата во своето работење имплементира проект за енергетска ефикасност, поддржан од Европската банка за реконструкција и развој односно WebSEFF, чијашто главна цел е да се минимизира потрошувачката на електрична енергија.
Ова беше постигнато со обнова и замена на енергетски неефикасната механизација во производство, со што компанијата успеа да направи енергетска заштеда од 42,42%.
Јасно е дека со намалувањето на потрошувачката на електрична енергија компанијата уште повеќе ќе ја зголеми својата ефикасност и продуктивност во работењето, но истовремено придонесе и за зачувување на животната средина.

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ како компанија која долги години е присутна во семејството на најголемите и најуспешните компании кај нас е вистински пример за тоа дека вложувањето во заштитата на животната средина не е нешто што само се наметнува, туку станува и неопходно.
Зголемувањето на енергетската ефикасност и сертификатите за еколошка безбедност не само што ја етаблираат компанијата како општествено-одговорна, тие од друга страна се и клучен фактор што ѝ помага да обезбеди поголема конкурентност на пазарот.
Сертификатите значат безбедност и уверение за квалитетот, а енергетската ефикасност придонесува за конкурентни цени на производите.
Затоа воопшто не зачудува фактот што оваа гевгелиска компанија низ годините само расте и се развива и во голема мера придонесува за развојот на македонската економија.
Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 3.220.621.701 денари и добивка пред оданочување од 562.566.221 денари.
Процентуално, иако во 2023 година, компанијата бележи пад на приходите, за 4,46%, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната, 2022 година е за 9,70%.
Компанијата се најде на 89. место на ранг листата на најголемите и на 31. место на ранг листата на најуспешните компании кај нас.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт