Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кромберг и Шуберт - Германска иновативност произведена во Македонија

Од своите почетоци, Кромберг и Шуберт е синоним за иновативност. Фабриките на компанијата во Македонија се значаен сегмент кој ја движи иновацијата во автомобилската индустрија.

„Кромберг и Шуберт“ од своите почетоци, па сè до денес е синоним за иновативност. Фабриките на овој интернационален гигант во Македонија се уште еден сегмент каде што се создава иновација во автомобилската индустрија.

Името „Кромберг и Шуберт“ има големо значење за македонската индустрија.

Ова е фабрика која одлучи да отвори две големи фабрики во Македонија и со тоа голем дел од своето производство да го пресели во нашата земја.

kromberg-i-subert

„Кромберг и Шуберт“ како дел од семејството на најголемите и најуспешните

По 13 години работење, фабриката на германскиот гигант е еден од најголемите работодавци во нашата земја, а станува збор за странска инвестиција која со години наназад е дел од семејството на најголемите и најуспешните македонски компании.

Во 2023 година, компанијата се најде на 6. место на ранг листата на најголемите компании кај нас, а на 49. место на ранг листата на најуспешните.

„Кромберг и Шуберт“ во 2023 година остварила вкупен приход во износ од 21.688.754.079 денари и добивка пред оданочување од 371.175.103 денари.

Процентуално, во однос на вкупните приходи компанијата остварила раст од 40,82% во споредба со претходната 2022 година, а растот на добивката пред оданочување е за 30,32%.

Со овие бројки компанијата уште еднаш покажа дека и понатаму останува една од најстабилните компании кај нас, која во голема мера придонесува за развојот на македонската економија – како преку директно вработување на лица, така и преку соработка со голем број други македонски компании.

Истовремено, фабриките на оваа компанија Македонија се значаен сегмент кој ја движи иновацијата во автомобилската индустрија.

KrombergAndSchubertCables

Од мала регионална компанија до глобален лидер во иновации

Фабриките на „Кромберг и Шуберт“ во Битола и Скопје се дел од глобалната групација Kromberg & Schubert, чија специјалност е производството на кабелски снопови за автомобилската индустрија.

Оперативните процеси на компанијата вклучуваат четири деловни единици во производството на кабли, On-board мрежи, пластична технологија и мехатроника.

Отворањето на фабриките во Македонија беа дел од стратешките планови за раст на компанијата, која своите почетоци ги бележи уште во далечната 1902 година.

Станува збор за германска компанија која во својата долга историја од 120 години, успеала да се трансформира од мал регионален бизнис во глобална компанија која вработува над 50.000 вработени на светско ниво, од кои околу 8.500 се само во фабриките во Македонија.

Приказната за компанијата, всушност датира една година пред нејзиното официјално запонување со работа, во 1901 година, кога Пол Кромберг, по завршувањето на образованието и работата како иниженер, одлучил да започне да произведува кабли во фабриката на неговиот брат.

Компанијата на Кроберг на почеток имала само 4 вработени.

Иако тој имал голем број идеи, на почетокот му недостасувал свеж капитал и познавање на бизнис секторот, па тука настапил Ернст Шуберт.

Така, тие двајца ја основаат компанијата Kromberg & Schubert во Бармен (денешен Вупертал) во 1902 година.

Од самите почетоци, па сè до ден-денес, компанијата е свртена кон иновативните процеси и кон проширување на производствените капацитети, опстојуваќи и во периоди на војни и на тешки економски кризи.

Во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, компанијата ги прави првите чекори кон интернационализација со отворањето на нови фабрики во Ирска и Шкотска, а со паѓањето на Берлинскиот Ѕид, во 90-тите години, се отвора можност за отворање нови фабрики и во Унгарија, Словачка и Романија.

По 2002 година, компанијата зема уште поголем замав и отвара уште поголем број фабрики во Полска, Англија, Мексико, Романија, Украина, Тунис, Боцвана, Чешка, Македонија, Кина, Мароко, Шпанија, Србија и Парагвај.

„Нашата работна сила во континуитет расте со оваа експанзија: од околу 14.600 вработени во 2007 година, до околу 25.000 вработени во 2012. Очекуваме да го достигнеме рекордниот број од околу 55.000 вработени до 2025 година“ – нагласуваат од компанијата на нивната официјална веб страница.

KrombergAndSchubertHistory

Германска иновативност произведена во фабриките во Македонија

Влегувањето на „Kromberg & Schubert“ во Македонија и отворањето на фабриките во Битола и Скопје значеше голема промена и придвижување на македонската економија во нагорна линија.

Денес, фабриките значат сигурна егзистенција за околу 8.000 семејства.

Дополнително, фабриките на овој германски инвеститор придонесоа во голема мера да се промени индустриската култура кај нас, преку овозможување на квалитетни услови за работа и наметнување нови стандарди за односот кон вработените.

Исто така, компанијата овозможува, нашата работна сила да се стекне со работно искуство работејќи на проекти за некои од најпознатите светски автомобилски брендови, како Mercedes, Audi, Volkswagen, BMW, Škoda итн.

Преку проектите за вклучување на младите, соработките со универзитетите и другите образовни инстуции, овој германски гигант помага во нашата земја да се образува квалификуван кадар кој стекнува знаење преку практични искуства.

Ова е компанија која во 120 години од своето постоење се труди секогаш да го држи фокусот кон иновативните процеси на работење и да произведе продукти коишто се „скроени“ според потребите на крајните потрошувачи.

„Страста за напредокот и неуморната потрага за совршенство постојано ја водата нашата потрага за најдобрите и најефикасни решенија“ – нагласуваат од компанијата.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт