Во минатото сонот да работат на проекти за врвни автомобилски брендови како Mercedes, BMW, Audi, за нашите млади беше возможен само ако излезат од границите на нашата земја.
Но, денес тој сон е остварлив и кај нас, благодарение на отворањето на две фабрики на интернационалната компанија „Кромберг и Шуберт“ во Македонија.
Овој светски лидер во производството на кабелски снопови за автомобилската индустрија веќе 13 години дел од своето производство го извршува кај нас, во нашата земја, а во фабриките во Битола и Скопје вработува повеќе од 8.500 лица.
Тоа е компанија која со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, а важи за работодавец каде вработените се на прво место.
„Нашите луѓе се нашата најјака страна“ – е мотото на компанијата која на глобално ниво вработува над 50.000 луѓе, а во земјите каде што ги отвора своите фабрики наметнува нови стандарди на работење и за грижа за своите вработени.
Како еден од најголемите работодавци во нашата земја, компанијата важи и за едно од најдобрите места за работа, благодарение на повеќе фактори.

Освен што нуди можност да работите за европска компанија и за познати брендови без да ги напуштите границите на земјата, „Кромберг и Шуберт“ е компанија која е препознатлива по тоа што води особена сметка за своите вработени.
Компанијата се води од мотото „Нашите луѓе се нашата најјака страна“, а во своето работење ја практикува т.н. LEAN методологија на работење, која е позната по тоа што има голем број позитивни страни.
Станува збор за системски пристап на подобрување на процесот на работење и минимизирање на трошоците, а е изграден на два клучни принципи: постојан напредок и почит кон луѓето.
Оригинално, овој концепт бил развиен од „Toyota“ во средината на 20-иот век, а денес се применува во голем број индустрии и компании.
Во таа насока, во компанијата постојано се води сметка за намалување на непотребното трошење време и ресурси, додека целиот процес е сконцентриран на целосно задоволство на клиентите преку посветеност во креирање на висококвалитетни производи и фокусираност на вработените.
Дополнително, ако на тоа се додадат условите за работа што ги нуди компанијата во вид на: редовни примања (кои често беа проблем во минатото во македонските индустриски капацитети), можност за напредок, осигурување на полно работно време, платен превоз и платен топол оброк, редовни бонуси за редовност и ефикасност, исплата на регрес од годишен одмор - станува јасно колкаво значење имаат странските инвестиции од ваков тип за развојот и промените во македонската индустриска култура.
Но, ова не е сè.
„Кромберг и Шуберт“ се препознатливи и своите мотивациски активности за вработените, избирање „херој на денот“, настани за градење на тимот, во вид на заеднички дружења, вечери итн.
Организирање настани во кое на највисоко ниво се покажува грижа за здравјето и добрососотојбата на вработените, настани по повод почетокот на учебната година, празниците и слично само покажуваат дека во овие фабрики сите вработени добиваат еднаков третман без оглед на позицијата и функцијата што ја извршуваат.
Со други зборови, секој вработен во компанијата е дел од добро-организираниот процес на работа кој помага да се изгради брендот и да продолжи да опстојува како лидер во својата дејност.
Со ваквите стандарди на работење германскиот гигант се наметна како атрактивна компанија за работа во нашата земја и придонесе за значително подобрување на економската состојба во земјата.

Посветените вработени секогаш може да креираат подобри резултати, па оттука воопшто не е чудо што компанијата цела деценија наназад е дел од семејството на најголемите и најуспешните компании кај нас.
Во 2023 година, компанијата се најде на 6. место на ранг листата на најголемите компании кај нас, а на 49. место на ранг листата на најуспешните.
„Кромберг и Шуберт“ во 2023 година остварила вкупен приход во износ од 21.688.754.079 денари и добивка пред оданочување од 371.175.103 денари.
Процентуално, во однос на вкупните приходи компанијата остварила раст од 40,82% во споредба со претходната 2022 година, а растот на добивката пред оданочување е за 30,32%.
Со овие бројки „Кромберг и Шуберт“ уште еднаш покажа дека и понатаму останува една од најстабилните компании кај нас, која во голема мера придонесува за развојот на македонската економија – како преку директно вработување на лица, така и преку соработка со голем број други македонски компании.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт