Македонскиот фармацевтски сектор е еден од најстабилните сегменти на домашната економија. Тој опфаќа компании со различни деловни модели – од производители на лекови, преку веледрогерии и увозници, до синџири на аптеки – но, заедничко за сите нив е нивната главна цел, а тоа е обезбедување и достава на најквалитетни лекови и медицински препарати.
Иако овие компании се дел од истиот здравствен екосистем, нивните активности значително се разликуваат, поради што финансиските резултати треба да се анализираат во контекст на нивната основна дејност.
Најголемиот производител на лекови во Македонија е Алкалоид АД Скопје, компанија која, покрај домашниот пазар, е силно ориентирана кон извозот и располага со сопствени производствени капацитети и развојни центри.
Од друга страна, Реплек АД Скопје е препознатлив производител на фармацевтски производи и медицински препарати, кој исто така е силно ориентиран кон извозот и акумулира странски капитал, додека ЕУРО-ФАРМ, Зегин, Македонијалек и други веледрогерии имаат клучна улога во увозот, дистрибуцијата и снабдувањето на аптеките и здравствените установи со лекови и медицински производи.
Иако најголем дел од вниманието во македонската фармацевтска индустрија традиционално го привлекуваат производителите како Алкалоид и Реплек, улогата на веледрогериите е подеднакво значајна за функционирањето на здравствениот систем.
Производството на лекови не би можело ефикасно да функционира без добро организирана дистрибуција, која обезбедува производите навреме да стигнат до аптеките, болниците и пациентите.
Во тој сегмент, ЕУРО-ФАРМ со години е еден од најзначајните учесници на домашниот пазар. Интегрираниот модел, кој ги обединува големопродажбата и малопродажбата преку сопствена аптекарска мрежа, ѝ овозможува подобро планирање на набавките, поефикасно управување со залихите и побрза реакција на потребите на пазарот.
Доказ за квалитетното работење на компанијата се позитивните финансиски резултати и нејзиното постојано котирање на ранг листите на најголемите и најуспешните компании во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Според финансиските показатели, во 2024 година ЕУРО – ФАРМ се најде на 88. место на Ранг листата на најголемите македонски компании.
Компанијата оствари приходи од над 3,66 милијарди денари, со раст во однос на претходната година од 7,47 проценти, а истовремено ја зголеми и добивката пред оданочување за 7,15 проценти, што укажува на стабилен и континуиран развој.
Речиси идентичната стапка на раст на приходите и добивката во однос на претходната година покажува дека компанијата успеала и во таа фискална година да го зголеми обемот на работењето без значително нарушување на профитабилноста.
Ова, само по себе е важен показател за добро управување со трошоците и стабилна деловна политика во сектор каде што ефикасната логистика, контролата на залихите и навремената испорака имаат клучно значење.

Она што особено ја издвојува компанијата од конкуренцијата, е нејзиниот интегриран деловен модел.
Освен што е една од најголемите веледрогерии во земјата, ЕУРО-ФАРМ располага и со развиена малопродажна мрежа од повеќе од 120 аптеки низ Македонија, како и со ексклузивни застапништва за бројни меѓународни фармацевтски, медицински и козметички брендови кои може да се најдат само во нивните аптеки, а се препознатливи по квалитетот.
Станува збор за модел на работење, којшто овозможува подобра контрола на синџирот на снабдување, побрза достапност на производите и поголема препознатливост кај потрошувачите, а со тоа креирање и на поголема база на лојални клиенти.

За разлика од голем број други трговски дејности, фармацевтската дистрибуција работи според строги регулативи и високи стандарди за квалитет.
Компаниите се под постојан притисок да обезбедат континуирана достапност на лековите, соодветни услови за транспорт и складирање, како и систем којшто овозможува следење на производите низ целиот синџир на снабдување.
Покрај регулаторните барања, секторот се соочува и со дополнителни предизвици, како што се повремени нарушувања во глобалните синџири на снабдување, раст на транспортните трошоци, инфлаторни притисоци и потребата од континуирани инвестиции во современи логистички системи и дигитализација.
Во таква деловна средина, стабилниот раст на ЕУРО-ФАРМ покажува дека компанијата успешно ги менаџира овие ризици и обезбедува сигурност во снабдувањето на своите партнери.

Македонскиот фармацевтски пазар во последните години бележи континуиран развој – којшто во голема мера се должи на стареењето на населението, зголемената здравствена свест, воведувањето нови терапии и зголемената побарувачка за медицински производи.
Истовремено, здравствените установи и аптеките очекуваат сè побрза испорака, поголема достапност на производите и повисоко ниво на услуга.
Тоа дополнително ја зголемува важноста на компаниите кои располагаат со добро организирана дистрибутивна мрежа и современи логистички капацитети, каков што е примерот на ЕУРО-ФАРМ.
Во такви услови, успешноста не зависи само од обемот на продажбата, туку и од способноста компанијата навремено да ги задоволи потребите на пазарот со најквалитетните производи и да обезбеди сигурен синџир на снабдување и достапнст на производите.
Ова се покажа како солиден модел на работење, којшто му помага на ЕУРО-ФАРМ да ја задржи високата позиција меѓу конкуренцијата во фармацевтскиот сектор.

Иако дигитализацијата се наметна како неопходна и во фармацевтската индустрија, преку креирање на онлајн аптеки и достава, следење на лековите и залихите, но и нивна брза и навремена достава - човечкиот фактор останува пресуден.
Стручниот кадар, добрата организација и ефикасната координација меѓу набавката, логистиката и продажбата се клучни за успешно функционирање на компанијата.
Во тој поглед, релативно малиот број на вработени со кои оперира ЕУРО-ФАРМ се доказ за квалитетното и посветено работење, односно за ориентираноста на компанијата кон продуктивност и позитивни финансиски резултати.
Со просечно 99 вработени, ЕУРО-ФАРМ успева да оствари приходи од над 3,6 милијарди денари, што укажува на висока продуктивност и ефикасно користење на расположливите ресурси.
Финансиските резултати за 2024 година покажуваат дека ЕУРО-ФАРМ успешно ја задржува својата позиција меѓу водечките компании во секторот на продажба на фармацевтски производи.
Континуираниот раст на приходите и добивката, стабилното работење и присуството меѓу најголемите компании во земјата потврдуваат дека компанијата располага со здрав деловен модел и со капацитет за понатамошен развој.
Во такви услови, ЕУРО-ФАРМ ДООЕЛ Битола веќе со години гради препознатлива позиција како една од најзначајните компании во секторот на продажба на фармацевтски производи во Македонија. Континуираниот раст на приходите и позитивните финансиски резултати покажуваат дека компанијата успешно се приспособува на промените на пазарот и ги следи зголемените потреби на здравствениот сектор.
Во период кога здравствениот сектор станува сè позависен од сигурни и ефикасни синџири на снабдување, улогата на компаниите како ЕУРО-ФАРМ ќе биде уште поважна.
Континуираните инвестиции во логистика, отварање нови аптеки, дигитализација и унапредување на услугите ќе останат клучни фактори за зачувување на конкурентноста и понатамошен раст.
Во услови кога фармацевтскиот сектор станува сè поконкурентен, а здравствените установи и аптеките очекуваат брза испорака, сигурност и континуирана достапност на производите, компаниите што располагаат со добро организирана логистика, развиена дистрибутивна мрежа и стабилни партнерства имаат најголеми можности за понатамошен раст.
Финансиските резултати за 2024 година покажуваат дека ЕУРО-ФАРМ успешно ја одржува токму таквата позиција на домашниот пазар. Дополнително, финансиските резултати во последните 20 години откако ЕУРО-ФАРМ стана дел на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ укажуваат на компанија која останува ориентирана кон својата основна цел – да работи пред сè за здравјето на своите клиенти, и на тој начин да ја задржи својата висока позиционираност меѓу компаниите кои се сконцентрирани на продажба на лекови и медицински препарати во фармацевтскиот сектор во Македонија.
06-08-2026
06-08-2026
06-08-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт