KAM ДОО Илинден е компанија која во последните 3 децении се наметна како прв избор на трговски синџири кај нас, благодарение на квалитетните производи, секогаш ниските цени и концептот на „хард-дисконт“, којшто успешно го негува од своите почетоци.
Компанијата во последните години се позиционира како еден од најсилните играчи во секторот на малопродажба во Македонија. Со јасен фокус на достапни цени, широка мрежа на продавници и ефикасно управување со трошоци, компанијата бележи стабилен раст и во услови на економска неизвесност.
КАМ долги години наназад е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, а во 2024 година се најде на 6. Место на ранг листата на најголемите и на 41. место на ранг листата на најуспешните компании.
Со просечен број од околу 1.400 вработени, за кој се очекува дополнително да се зголеми, благодарение на отворањето нови маркети низ земјата, КАМ ДОО не е само доверлив партнер за потрошувачите, туку е и една од компаниите која со години наназад нуди сигурна егзистенција за огромен број на семејства во земјата.
Во 2024 година, компанијата остварила вкупен приход од 18.553.115.754 денари и добивка пред оданочување од 460.058.830 денари, со што покажува континуиран раст и стабилна профитабилност во малопродажниот сектор во Македонија.
Анализата на финансиските резултати за периодот 2020–2024 година покажува тренд на континуирано зголемување на приходите, подобрување на профитабилноста и проширување на деловната мрежа.
Во анализираниот период, КАМ ДОО бележи значителен раст на вкупните приходи.
Од 10.4 милијарди денари во 2020 година, приходите достигнуваат 18.5 милијарди денари во 2024 година, што е речиси двојно зголемување.
Највисока стапка на раст е забележана во 2022 година, кога приходите се зголемуваат за повеќе од 24%, што се должи на зголемената побарувачка за производи со пониски цени, особено во период на инфлација.
Во 2023 и 2024 година растот на компанијата продолжува со поумерено темпо, што укажува на стабилизација на пазарот и консолидирање на позицијата на компанијата.

Добивката на КАМ ДОО покажува релативна стабилност во периодот од 2020 до 2022 година, со вредности околу 320 милиони денари годишно.
Во 2023 година се забележува значително подобрување, при што добивката расте за 53,24 % и достигнува 480.279.56 денари. Ваквите финансиски показатели укажуваат на подобрена оперативна ефикасност и оптимизација на трошоците.
Во 2024 година добивката бележи благо намалување (за 4,21%), но останува на високо ниво, што потврдува стабилност на бизнис моделот.
Паралелно со растот на приходите, КАМ ДОО инвестира во проширување на својата малопродажна мрежа.
Бројот на продавници се зголемува од 30 во 2020 година на 41 во 2024 година, а континуирано се градат нови објекти и се проширува продажната мрежа на територијата на цела Македонија.
Во исто време, забележително е и дека бројот на вработени пораснал од 1.065 на 1.400, што укажува на зголемен обем на активности и развој на логистичките капацитети.
Овој тренд е показател за долгорочна стратегија насочена кон зголемување на пазарното присуство и подобрување на достапноста за потрошувачите, како и за градење углед на компанија која е еден од најпосакуваните работодавци во земјата, благодарение на високите плати и бенефиции што ги нуди за вработените.
КАМ ДОО веќе 30 години го негува моделот на работа на „хард-дисконт“, што значи дека работи со пониски профитни маржи, но со висок обем на продажба.
Ова е модел кој овозможува стабилни приходи и отпорност на економски кризи.
Контролата на трошоците, оптимизацијата на набавките и брзиот обрт на стоки се клучни фактори за одржување на профитабилноста.

Со оглед на трендовите во малопродажбата и зголемената ценовна чувствителност на потрошувачите, предизвикана од геополитичките случувања во светот, КАМ ДОО има потенцијал за понатамошен раст.
Очекувањата се дека компанијата ќе продолжи со:
КАМ ДОО претставува пример за стабилен и одржлив раст во македонскиот малопродажен сектор.
Комбинацијата од континуирано зголемување на приходите, контролирана профитабилност и стратегиска експанзија ја позиционира компанијата како еден од водечките трговци на пазарот.
Токму затоа КАМ ДОО Илинден со години наназад достојно е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Квалитетните производи, сопствените трговски марки и политиката на ниски цени се главната причина заради која нивните маркети се омилени кај потрошувачите.
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт